
Тимо Вернер е на излезни врати од Челзи, а сега во трката за неговиот потпис се вклучил и Јувентус.




„Старата дама“ остана без Мората и Дибала и се очекува до крајот на преодниот рок раководството да го засили нападот. Пристигна Анхел Ди Марија, но потребен е уште еден напаѓач.




Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Вернер би можел добро да се вклопо покрај Влаховиќ бидејќи е играч со карактеристики кои можат да му остават простор на Србинот пред голот. Алегри своевремено обожаваше да игра во формација 3-5-2, а тука Влаховиќ и Вернер можат да прават супер тандем.




Во Челзи Вернер пристигна летото 2020 за 53 милиони евра, но со учинокот од 23 гола и 21 асистенција не ги оправда очекувањата.