Дома Фудбал Италија Јувентус призна: Ниту Наполи, ниту Рома, нашиот главен ривал е…

Јувентус призна: Ниту Наполи, ниту Рома, нашиот главен ривал е…

juventys

Јувентус оваа сезона атакува на седмото Скудето во низа и после вчерашниот кикс на Наполи, „старата дама“ дојде на само еден бод до лидерот.

Иако сите го гледаат Наполи како главен конкурент на „бјанконерите“ оваа сезона за Скудетото, сепак спортскиот директор на Јувентус, Бепе Марота призна дека повеќе се плаши од Интер.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Интер не игра спектакуларно, но тие се клинички добри и прецизни и знаат што сакаат. Со оглед на тоа што немаат европски обврски, Интер е тимот кој може да се подготвува најдобро за секој натпревар во домашното првенство. Имаат навистина солиден тим, знаат што прават на теренот и остваруваат добри резултати. Затоа мислам дека Интер е тимот од кој треба најмногу да се плашиме“, изјави Марота, а потоа проговори за Наполи и Рома.

„Во последните години Рома секогаш беше протагонист во првенството и се бореше до крајот. И покрај тоа што имаа промени, мислам дека и оваа година ќе бидат на самиот врв. Тимот им е компетитивен и тренерот Ди Франческо носи голем ентузијазам. Во овој момент јасно е дека ние сме еден бод зад Наполи, но не треба да се заборави дека ние имаме освоено еден бод повеќе во споредба со лани. Тоа значи дека Наполи има неверојатна сезона досега, но останувањето на тоа ниво е навистина претешко“, заклучи Марота.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Манчестер Јунајтед одлучи да го отпушти Тен Хаг

Манчстер Јунајтед на крајот на сезоната ќе го откупшти тренер Ерик Тен Хаг, тврдат медиуми…