Дома Трансфер зона Јувентус пред одлично засилување: Амрабат пристигнува во Торино?

Јувентус пред одлично засилување: Амрабат пристигнува во Торино?

Според информациите на италијанските медиуми, Јувентус е блиску до ангажман од мароканскиот фудбалер од редовите на Фиорентина, Софијан Амрабат.

Амрабат вниманието на себе посебно го сврте со настапот на Светското првенство минатата година, беше блиску до Барселона во јануарскиот преоден рок, но тој трансфер пропадна.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Подоцна како да се „олади“ интересот за него, па се уште е во Фиорентина, а се поврзуваше и со Ливерпул, Атлетико Мадрид, Манчестер Јунајтед…

Сега, Јувентус сака да го доведе и во него гледа одлично засилување во средниот ред каде што „старата дама“ мора да се засили до крајот на преодниот рок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…