Осман Дембеле ќе ја доигра сезоната во Барселона, а на лето како слободен агент ќе го напушти клубот.
Французинот ги одби сите понуди од Барселона за продолжување на соработката, па на лето ќе биде слободен агент.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Спорт“ пренесува дека Дембеле не сакаше ни да ги слушне понудите на Челзи, Тотенхем и ПСЖ, а причината за тоа е дека веќе преговара со друг клуб.
Каталонски „Спорт“ открива дека Јувентус веќе испратил понуда до неговиот агент и ги започнал преговорите со Французинот.
„Бјанконерите“ се спремни да му платат богат бонус при потпис на договорот, притоа му нудат плата од 10 милиони евра нето по сезона.
Преговорите се започнати, но и други клубови се силно заинтересирани и се спремни да ги понудат истите услови.
#FCB 🔵🔴
— Diario SPORT (@sport) February 6, 2022
🔥 En el Barça están convencidos de que la Juventus es uno de los equipos que está detrás de las decisiones de Dembélé
✍️ Lluís Miguelsanzhttps://t.co/aQhP5DVbTM