Дома Фудбал Италија Јувентус потпиша богат спонзорски договор

Јувентус потпиша богат спонзорски договор

Јувентус договори продолжување на соработката со својот генерален спонзор, производителот на автомобили „Jeep“ и со тоа ќе ги зголеми приходите.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Имено, за нов тригодишен период на актуелниот италијански првак ќе му донесе приход од 135 милиони евра.

„Jeep“ е сопственост на компанијата „Exor“, која како и фудбалскиот клуб Јувентус е под раководство на италијанското семејство Ањели.

„Новиот договор е потврда за двостраното задоволство од досегашната соработка меѓу „Jeep“ и Јувентус што започна во сезоната 2012/13, а новиот договор му гарантира на клубот годишен приход од 45 милиони евра“, соопштија од клубот.

Сумата, сепак, може да варира во зависност од постигнатите резултати на Јувентус, односно ќе има додатни бонуси во зависност од освоените трофеи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

ФИФА во текот на Мундијалот ќе менува правило?

ФИФА ја разгледува можноста за измена на правилата за изведување на пенали, дури и на сред…