Дома Фудбал Италија Јувентус порача: Не ја сакаме титулата ако сезоната се прекине!

Јувентус порача: Не ја сакаме титулата ако сезоната се прекине!

Италијанската Серија А како и останатите првенства во Европа (освен во Белорусија) се прекинати поради пандемијата со коронавирусот.

Фудбал во Италија се стопираше во 26. коло, на 12 кола пред крајот. Јувентус е лидер со бод повеќе од Лацио, додека Интер има девет бодови и еден натпревар помалку од лидерот.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Со оглед на ситуацијата во Италија која според последните бројки има над 80.000 заразени и над 13.000 починати можно е сценарио во кое првенството би се прекинало тука и не би се играло понатаму. Шампион во тој случај би требало да биде Јувентус.

Меѓутоа Јувентус порача дека нема да ја прифати таквата титула: Нема да прифатиме титула добиена на зелена маса.

Од италијанскиот шампион порачаа дека деветтото Скудето во низа и 36 вкупно ќе се обидат да го добијат на терен, а не со некаква одлука во канцеларија.

Ќе потсетиме фудбалерите на Јувентус прифатија намалување на платите додека трае кризата и така „старата дама“ заштеди 90 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Арне Слот потврди: Преговорите се во тек, сакам да бидам тренер на Ливерпул

Eкипата на Ливерпул и холандскиот тренер Арне Слот се блиску до договор за соработка, потв…