Дома Трансфер зона Јувентус не се откажува од Матиќ

Јувентус не се откажува од Матиќ

Италијанските медиуми тврдат дека Јувентус го обновил интересот за српскиот репрезентативец Немања Матиќ и сака да го донесе во зимскиот преоден рок.

Тренерот Алегри смета дека Матиќ му е неопходен за напад на трофејот во Лигата на шампионите, па раководството ќе направи се за да му ја исполни желбата.


Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓


Сепак и „Тутоспот“ потенцира дека во целатат работа се прашува и менаџерот на „сините“, Антонио Конте, во чија концепција Матиќ е еден од клучните играчи.

Јувентус во јануарскиот преоден рок ќе мора да донесе барем еден играч во средниот ред бидејќи Лемина и Квадво Асамоа ќе бидат со своите репрезентации на Купот на Африка.

Иако трансферот на Аксел Витсел од Зенит е речиси завршена работа, Алегри смета дека му недостасува играч со карактерситики какви што поседува Србинот.

Сепак, трансферот на Матиќ е исклучително тешка мисија за „бјанконерите“ кои како алтернатива го „пикираа“ Стивен Н’Зонзи од Севиља.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Јувентус сака уште еден дефанзивец од Милан

Јувентус би можел да ангажира уште еден дефанзивец од Милан. Откако летото „бјанконерите“ …