Дома Фудбал Италија Јувентус не сака службена титула, сезоната може да продолжи на 20 мај

Јувентус не сака службена титула, сезоната може да продолжи на 20 мај

Претседателот на Италијанската фудбалска федерација, Габриеле Гравина коментираше какви се варијантите за продолжување на сезоната во Серија А.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во изминатите денови медиумите лецитираа со неколку датуми, а Гравина откри кога се очекува да продолжи Серија А.

„Нашиот абсолутен приоритет е првенството да заврши. Нашата надеж е да почнеме на 20-ти мај или почетокот на јуни, а сезоната да заврши во јули“, изјави Гравина.

Шефот на италијанскиот фудбал откри дека Јувентус (кој моментално е прв на табелата) не сака да добие службена титула без да се доигра првенството.

„Тоа не е добра идеја, ако треба ќе играме во август и септември и ќе го преместеме почетокот на следната сезона“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Поради овој потег на Мбапе, англиските медиуми го нарекуваат – „диктатор“

Францускиот капитен Килијан Мбапе повторно го оправда својот прекар Диктатор откако му нар…