Дома Фудбал Италија Јувентус не жали пари за Роналдо, на маса нов договор

Јувентус не жали пари за Роналдо, на маса нов договор

Торински Јувентус на Кристијано Роналдо ќе му понуди нов договор со кој во клубот би останал до 39. година од животот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Како што пренесува магазинот АС, Старата дама е спремна да го задржи Роналдо уште две сезони, односно до 2024. година и веќе му нуди нов договор.

Актуелниот договор на Роналдо со Јувентус важи до јуни 2022. година, иако е убедливо најплатениот играч со плата од 31 милион евра, Роналдо маркетиншки е доста привлечен и му носи на Јуве огромна заработка.

Поради тоа, Бјанконерите ќе му понудат нов договор, но не е познато какви услови ќе му понудат, дали ќе бидат поскромни од актуелните или заротката ќе биде поголема, што секако е реална опција.

Сепак, она што е важно во овој случај е дека Роналдо на терените ќе го гледаме и во 39. година од својот живот, што навистина е импресивно.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Шок: Капитенот на хит репрезентацијата на Мундијалот обвинет за силување!

Додека Зеленортските Острови ја слават нивната историска шанса за влез во втората фаза на …