Иднината на Кристиано Роналдо во Јувентус не е сигурна и Португалецот до крајот на преодниот рок може да го напушти клубот.
Доколку Роналдо замине, прва желба на тренерот Алегри е напаѓачот на ПСЖ, Мауро Икарди.
ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓
Јувентус веќе почна да бара замена за Португалецот, а доколку не успее да го ангажира Икарди тогаш како алтернатива се споменува Моис Кин.
Неговиот менаџер Мино Раиола веќе имал средба со „бјанконерите“ и е спремен да го врати младиот Италијанец во Торино.
Првата желба на „старата дама“ останува Мауро Икарди, но во моментов многу полесно може да дојде до потписот на Моис Кин, кој е на излезна врата од Евертон.