Дома Фудбал Италија Јувентус му поставил ултиматум на Алегри – ако не го исполни заминува, тројца кандидати во игра за негов наследник

Јувентус му поставил ултиматум на Алегри – ако не го исполни заминува, тројца кандидати во игра за негов наследник

alegri

Toрински Јувентус наводно е спремен да се раздели со актуелниот тренер Масмилијано Алегри.

Според информациите на „Тутопспорт“, Алегри би можел да добие отказ во Јувентус ако не го помине Атлетико Мадрид во Лигата на шампионите, а веќе се споменуваат неговите потенцијални наследници.


Турскиот "Роналдо" го предизвикува Кристијано! ↓↓↓


Реномираниот италијански медиуми наведува три имиња.

Наводно во игра за наследник на Алегри се Јирген Клоп, Дидиер Дешамп и Зинедин Зидан. Најмногу шанси од овие тројца му се дава на Зидан кој е поранешен играч на Јувентус и во овој момент е без ангажман. Французинот не се поврзува прв пат со „старата дама“.

Ако му веруваме на „Тутоспорт“ многу лесно може да се случи Зидан во наредните сезони да го гледаме на клупата на Јувентус. Славниот Французин со Реал Мадрид ја освојуваше титулата во Лигата на шампионите, натпреварување кое е главна цел на клубот од Торино.

Зидан дресот на Јувентус го носеше пет години – во перидот од 1996 до 2001 година. Во 2001 година направи трансфер во редовите на Реал Мадрид.

Во Мадрид тренерската авантура ја започна во 2016, а клубот под негово водство најголем успех имаше во најелитното европско натпреварување.

Од друга страна Алегри на клупата на Јувентус седна во 2014 година и од тој момент освои четири титули во првенстви, четири во Купот и на Италија и два во Суперкупот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Лукаку пак промашуваше, Белгија овој пат победи🎥

Репрезентацијата на Белгија ја надигра и победи Романија со 2:0, па не очекува драматична …