Дома Фудбал Италија Јувентус му нуди на Роналдо нов договор, да игра до 38 години

Јувентус му нуди на Роналдо нов договор, да игра до 38 години

Раководството на Јувентус донело одлука да му предложи нов договор на Кристиано Роналдо, пренесува весникот „Тутоспорт“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Актуелниот договор на Роналдо истекува во јуни 2022 година, а идејата на Јувентус е да се продолжи договорот на дополнителни 12 месеци, односно до 2023 година.

Утре Роналдо ќе наполни 36 години, но се уште игра на врвно ниво и оваа сезона веќе постигна 22 гола и запиша 4 асистенции на 23 натпревари.

Покрај спортскиот аспект, Јувентус има големи комерцијални придобивки од Португалецот, па сака да го задржи што е можно подолго во своите редови.

Роналдо моментално во Торино заработува 31 милион евра по сезона, а Јувентус му нуди нов договор со истата плата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

„Слушнав како се крши коска…“: Ужасно откритие на селекторот на Канада по хорор повредата на Коне

Канада како домаќин оствари повеќе од убедлива победа во второто коло од групата Б, но нат…