Јувентус ја разгледува можноста да го врати во своите редови Жоао Кансело од Манчестер Сити.
Новиот тренер на „старата дама“ Андреа Пирло исклучително ги цели квалитетите на Кансело и сака да го има во својот тим.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Кансело минатото лето се пресели во Манчестер Сити, а за Јувентус за возврат го доби Даниоло и 30 милиони евра.
25-годишниот Португалец има договор со „граѓаните“ до 2025 година, но не се снајде добро на „Етихад“, па „граѓаните“ се спремни да се разделат со него.
Кансело беше поврзуван со трансфер во Барселона, но Каталонците решија да си го заджат Нелсон Семедо.
Јувентус во наредните денови ќе му предложи на Сити едногодишна позајмица со право на откуп следното лето.