Дома Трансфер зона Јувентус и Рома спремаат размена во која би биле вклучени тројца играчи?

Јувентус и Рома спремаат размена во која би биле вклучени тројца играчи?

Италијанските медиуми најавуваат дека на Апенините не очекува возбудлив преоден рок.

Една од темите во денес беа Јувентус и Рома, двата клуба кои утре ќе ги одмерат силите во Серија А наводно би можеле да направат размена на играчи во која би биле вклучени тројца играчи.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


„Калчомеркато“ објави дека Јувентус и Рома веќе некое време преговараат. Јувентус во своите редови сака да ги доведе Николо Заниоло и Лоренцо Пелегрини, додека се спремни во спротивен правец да го испратат Федерико Бернардески. Јувентус покрај Бернардески би доплатил некоја сума.

Сепак, впечаток е дека Рома тешко би се согласила на ваква размена бидејќи двајцата играчи се врзани со договор до 2024 година, меѓутоа многу зависи и од тоа колкава би била сумата која Јувентус може да ја понуди покрај Бернардески.

Заниоло и во текот на летото беше на мета на „старата дама“, но клубовите тогаш не успеаа да се договорат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…