Како што пренесува „Калчомеркато“, Јувентус подготви пари за играчот за врска на Реал Мадрид, Иско.
Судбината на шпанскиот фудбалер во Мадрид веќе долго време е под знак прашалник, беше во немилост под водство на Солари, ситуацијата се поправи со доаѓањето на Зидан, кој го врати во првиот состав. Сепак и понатаму со сигурност не може да се каже дека Шпанецот е во плановите на францускиот стратег за следната сезона, особено бидејќи Реал се обидува да се засили.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Еден Азар е многу блиску до трансфер на „Бернабеу“, а познато е и дека Реал е заинтересиран за Погба и Ериксен. Доколку Французинот или Данецот завршат во Шпанија, Иско би можел да стане вишок, па Јувентус подготви пари за неговиот потпис.
Имено, „Бјанконерите“ се подготвени да платат 85 милиони евра на Мадриѓаните за шпанскиот репрезентативец, што би можело да ја задоволи управата на „кралскиот“ клуб. Ќе видиме како ќе завршат работите, Јуве и понатаму гледа и кон Погба, но доколку Французинот го одбере Реал, јасно е каде ќе си оди Иско.