Како што е познато, супер-агентот Жорге Мендеш денес е во Торино и има состанок со раководството на Јувентус.
Главна тема ќе биде иднината на Роналдо, но исто така Јувентус со посредство на Мендеш спрема голема трампа.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Имено, Мендеш работи на размена со Вулверхемтон, така што Јувентус да го добие Рубен Невеш, а во спротивен правец да го испрати Арон Рамзи.
Рубен Невеш е класичен плејмејкер каков што бара Алегри, а Јувентус е спремен да го понуди Рамзи.
„Волчците“ се спремни да прифатат таква трампа, но само доколку „старата дама“ плати додатни 10 милиони евра.