После заминувањето на Кристиано Роналдо Јувентус е во потрага по засилување во нападот, а првото ќе биде Моис Кин кој денес пристигна на прегледи во Торино.
Меѓутоа, Алегри сака уште еден напаѓач, а прва желба е голгетерот на ПСЖ, Мауро Икарди.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Икарди изгледа како одлична опција за Јувентус затоа што Серија А му е добро познато од времето во дресот на Интер.
„Старата дама“ испрати понуда од 10 милиони евра за едногодишна позајмица со право на откуп, но ПСЖ не е спремен да го пушти со таква формула.
Икарди не добива голема минутажа во Париз, но „светците“ не сакаат да го пуштат бидејќи голема е веројатноста Мбапе да се пресели во Реал Мадрид.
Сепак, Јувентус не се откажува и продолжува да притиска за да го добие потписот на Аргентинецот.
🚨💥 #Juventus is trying for Mauro #Icardi: the ⚪⚫ offered the #PSG a loan (onerous, about €10M) with option to buy. 🇫🇷 club – at the moment – says no, but #Juve is thinking about the raise. 🐓⚽ #Calciomercato #Transfers #SerieA #Ligue1
— Rudy Galetti (@RudyGaletti) August 29, 2021