Во претходните денови многу се пишуваше за можниот трансфер на Миралем Пјаниќ во Барселона.
Веќе некое време актуелни се шпекулациите дека Пјаниќ на крајот на оваа сезона ќе го напушти Јувентус и кариерата ќе ја продолжи во Барселона. Не е тајна дека двата клуба преговараа, но изгледа дека работите се далеку од завршени.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поради финаниската криза настаната од пандемијата со коронавирусот Барселона не може или пак не сака да ја плати сумата која ја бара Јувентус и сакаат да вклучат некој нивни играч во зделката.
Каталонците на Јувентус му нудеа неколку опции, меѓутоа во Јувентус тоа го одбија. Од Торино уште во првиот ден испратиел порака дека Пјаниќ може да оди во Барселона само во случај ако Артур Мело дојде во спротивен правец.
Меѓутоа Бразилецот не сака да замине и одлучен е во намерата да остане. „Тутоспорт“ денес пишува дека „старата дама“ до Барселона испратила јасна порака дека нема потреба повеќе да преговараат.
Поточно од Јувентус им одговориле да се вратат по Пјаниќ само ако во понудата биде вклучен некој од Артур Мело или Ансу Фати. Артур веќе одби, а тешко може да се верува дека Барселона ќе се откаже од потенцијал каков што е Фати.