Како што стојат работите, Паоло Дибала има се помали шанси да остане во Јувентус.
Дибала не го продолжи договорот кој му истекува на лето 2022 година и ќе се врати после паузата, можеби и ќе заигра против Торино. Меѓутоа се пишува дека ако Роналдо остане за Дибала нема место.
Аргентинецот помина шест години во Јувентус, постигна 98 гола на 244 натпревари, но оваа година во главно се мачи со повредите и седи на клупата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поради таквата ситуација Јувентус наводно планира да го искористи во евентуална размена.
„Старата дама“ има неколку идеи, една е размена со Погба кој во Манчестер Јунајтед е во слична ситуација кога договорот е во прашање. Французинот влегува во последната година од договорот.
За Дибала интерес покажа и Реал кој во Торино може да го испрати Иско, но тука е проблем што Шпанецот не сака преселба во Италија. Неговата желба е да остане во Шпанија.
Се шпекулираше за размена и со Барселона која би го вклучила Дембеле. Сепак, тоа не изгледа можно затоа што Дембеле е пред потпис на нов договор, тоа го потврди новиот претседател Лапорта.
Останува ПСЖ, Икарди е мета, Дибала може во Париз ама Покетино изгледа сака друг тип на играч па и ова е малку веројатно.
Цената на Дибала на трансфер пазарот падна и сега тој едвај вреди 50 милиони евра.