Јувентус е познат по добрата трансфер политика и по тоа што за мали пари успева да донесе врвни засилувања во своите редови.
Италијанските медиуми прнесуваат дека „бјанконерите“ се на добар пат да донесат двајца врвни играчи за врска за само 30 милиони евра и да го комплетираат средниот ред.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Станува збор за Емре Чан од Ливерпул, кој најверојатно ќе пристигне во Торино без обештетување, како слободен агент, и Лоренцо Пелегрини од Рома.
Пелегрини е желба на Јувентус и нема да има проблем да го донесе во Торино, бидејќи италијанскиот репрезентативец има откупна клаузула од 30 милиони евра.
Со овие двајца фудбалери Јувентус ќе го подмлади и комплетира средниот ред, а би требало да бидат замена за Маркизио и Кедира.