Раководството на Јувентус стапило во контакт со претставници на напаѓачот на Сасуоло, Доменико Берарди, пренесуваат италијанските медиуми.
Јувентус ќе биде доста активен на летниот преоден рок бидејќи минатата сезона беше под очекувањата. Освен тоа си заминува Пауло Дибала, Федерико Киеза се враќа од повреда и прашање е дали ќе биде максимално спремен на почетокот на сезоната. Така како што стојат работите засилување во нападот ќе мора да има.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Доменико Берарди е една од сериозните опции, со години е еден од најдобрите играчи на Сасуоло, а некогаш важеше и за голема надеж на италијанскиот фудбал.
Јувентус претходно се поврзуваше и со Анхел Ди Марија, но сега некако како тие конткти да се „оладија“ и шансите Аргентинецот да се пресели во Торино се се помали.
Берарди го сака и Милан, но Јувентус изгледа е чекор понапред и поконкретен.