Италијанските медиуми пренесуваат дека Јувентус е сериозно заинтересиран за играчот за врска на Лацио, Сергеј Милинковиќ-Савиќ.
Милинковиќ-Савиќ минатата сезона со своите добри игри за Лацио го привлече вниманието на многу клубови, а најсериозен интерес покажува Јувентус.
Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓
Италијанскит медиуми пренесуваат дека Јувентус прави се за да го донесе во своите редови 22-годишниот српски репрезентативец.
Меѓутоа, тоа нема воопшто да биде лесна мисија за „бјанконерите“ бидејќи Сергеј неодамна го продолжи договорот и Лацио нема да се согласи на негова продажба за поамлку од 50 милиони евра.
Не е познато дали Јувентус е спремен да ја плати оваа сума, а медиумите пренесуваат дека покрај „старата дама“ интерес за Србинот покажува и Манчестер Јунајтед.