Дома Трансфер зона Јувентус го сака дефанзивецот на Рома

Јувентус го сака дефанзивецот на Рома

Јувентус е силно заинтересиран за десниот бек на Рома, Рик Карсдорп, пренесуваат медиумите на Апенините.

Карсдорп беше јавно критикуван од страна на Мурињо и е на излезна врата од клубот, па се очекува да замине во јануари.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


Десниот бек не се појави на првиот тренинг после паузата и дал барање до раководството дека сака да ја промени средината.

Јувентус сака да ја искористи таквата ситуација и да го доведе во Торино за симболична сума.

Рома е спремна да го пушти и веќе почна да бара негова замена, а прво име на списокот на Мурињо е Хектор Белерин.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…