Дома Трансфер зона Јувентус го претстави најновото засилување!

Јувентус го претстави најновото засилување!

Рикардо Орсолини важи за еден од најголемите таленти на Апенините, па за неговиот потпис беа заинтересирани готово сите големи италијански клубови.

За 19-годишниот фудбалер на Асколи се водеше голема битка која на крајот ја доби Јувентус и го обезбеди неговиот потпис за трансфер вреден 10 милиони евра.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Орсолини потпиша договор со Јувентус до 30 јуни 2021 година и беше промовиран од „старата дама“, но сепак ќе остане до крајот на сезоната во Асколи како позајмен играч.

Се работи за младински репрезентативец на Италија кого го краси извонредна техника и брзина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…