Дома Фудбал Италија Јувентус го освои Купот, Аталанта остана со празни раце🎥

Јувентус го освои Купот, Аталанта остана со празни раце🎥

Јувентус го освои италијанскиот Куп, откако успеа да ја победи Аталаната во финалето (2:1).

Аталанта подобро го отвори мечот и создаде неколку добри шанси, но не ги искористи, па следуваше казна.

Играчот со македонско потекло Дејан Кулушевски со мајсторски потег постигна гол за водство, но неколку минути подоцна Малиновски погоди за 1:1.

„Старата дама“ во второто полувреме изгледаше како друг тим и беше подобар противник.

Најпрво Киеза ја погоди стативата, а неколку минути подоцна успеа да го доведе Јувентус во водство.

До крајот Аталанта не успеа да создаде поголема шанса и да го израмни резултатот, па Јувентус стигна до 14-от трофеј во Купот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Аталанта го прекина низот порази со победа над Венеција

Аталанта ја прекина низата од три порази со победа од 3-1 против Венеција, благодарение на…