Дома Фудбал Англија Јувентус го краде столбот на одбраната на лондонскиот состав

Јувентус го краде столбот на одбраната на лондонскиот состав

Цело лето актуелна тема е преминувањето на Алекс Сандро од Јувентус во Челси, а сега би можело да дојде до трансфер во спротивен правец.

Како што денес пренесоа англиските медиуми, Јувентус ќе се обиде да го донесе капитеот на Челси, Кејхил.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Јувентус остана без командантот на одбраната со заминувањето на Леонардо Бонучи во Милан и јасно е поради што Макс Алегри сака уште еден стопер.

Тука се и натаму Џорџо Кјелини, Барзали, Бенати и Ругани, но навивачите очекуваат уште едно звучно име во последната линија која веќе со години е заштитен знак на „Старата дама“.

Конте го донесе Ридигер и го врати Кристиансен од позајмица, но исто така остана и без Тери, така што нема многу играчи на располагање.

Останува да видиме дали евентуалното пристигнување на Ван Дајк ке отвори простор за заминување на Кејхил во редовите на Јувентус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Претседател на турски клуб осомничен за местење натпревари – ќе бидат приведени 17 судии

По откритието минатата недела дека голем број турски фудбалски судии биле вмешани во облож…