Jувентус претходно ја договори размената со Барселона, а во Торино се спремни да направат уште една зделка по сличен принцип.
Откако Миралем Пјаниќ беше испратен во Барселона во замена за Артур Мело сега се појавија шпекулации дека Гонзало Игуаин може да биде испратен во Фиренца во замена за Федерико Киеза.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Газета дело Спорт“ тврди дека покрај Игуаин Јувентус на Фиорентина би и ги отстапил и правата на Кристијан Ромеро. Во Фиорентина одбиваа да го пуштат талентираниот Киеза, но после нешто послабите игри на овој млад напаѓач претседателот на Фиорентина Роко Комисо го промени мислењето.
Јувентус и понатаму е прв фаворит за Киеза, а и овој пат „старата дама“ сака преку размена до играчите да дојде до неговиот потпис. Но, сепак прашање е дали Фиорентина ќе ги исполни финансиските барања на аргентинскиот напаѓач.
Кога во прашање е Ромеро, тој е одбранбен играч исто така Аргентинец кој сега е на позајмица во Џенова.