Дома Фудбал Италија Јувентус гостува кај Џенова, а сите се прашуваат каде е Роналдо?

Јувентус гостува кај Џенова, а сите се прашуваат каде е Роналдо?

Фудбалерите на Јувентус утре гостуваат кај Џенова на нашиот Горан Пандев во натпреварот од 28 коло во италијанската Серија А.

Борбата за Скудето е скоро решена бидејќи Јуве има дури 18 бодови повеќе од второпласираниот Наполи и јасно е дека Старата дама ќе ја освои осмата титула по ред во италијанското првенство.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


За Јуве ова беше добра недела бидејќи успеа да обезбеди пласман во четврт финалето во ЛШ на крилата на Кристијано Роналдо, кој во реваншот во Торино го сруши Атлетико Мадрид.

Очигледно е дека Макс Алегри одлучил малку да го одмори својот најдобар играч бидејќи Роналдо не се најде во комбинација за настап на утрешниот натпревар. Не е познато дали има проблеми со повреда или дали Алегри одлучил да го одмори.

Екипата на Јуве за утрешниот натпревар: Шчезни, Кјелини, Касерес, Пјаниќ, Дибала, Сандро, Матуиди, Манџукиќ, Кин, Бонучи, Кансело, Перин, Емре Џан, Ругани, Бентакур, Бернардесчи, Спинацола, Морено, Пинсољо и Николуси Каљавлија.

Покрај Роналдо, утре нема да настапат уште Даглас Коста, Де Шиљо, Квардадо, Барзагли и Сами Кедира, кои имаат проблеми со повреди.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Реал Мадрид преку Јувентус во четвртфинал

Реал Мадрид со минимални 1:0 го совлада Јувентус во осминафиналето на Светското клупско пр…