И ова лето сигурно дека не очекуваат бројни шпекулации поврзани за преодниот рок и дел од истите ќе биде Пол Погба.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Веќе неколку преодни рокови на големо се пишува за тоа дека Погба ќе го напушти Манчестер Јунајтед, но на крај не се случува ништо. И ови денови е исто, Погба најмногу се поврзува со Реал Мадрид и поранешниот клуб Јувентус. „Старата дама“ сака да го врати Французинот во своите редови. Сега во Торино добиле идеја да вклучат еден играч во понудата.
Имено, Јувентус не сака да плати 80 милиони евра за Погба, па италијанскиот тим спремил понуда од 30 милиони евра, плус Адриен Рабио.
Сепак, тешко е да се очекува оваа понуда да прифатена од страна на Манчестер Јунајтед. Рабио во Јувентус дојде минатото лето од ПСЖ, но не покажа скоро ништо.