Дома Фудбал Италија Јувентус бара од Влаховиќ да прифати помала плата

Јувентус бара од Влаховиќ да прифати помала плата

Јувентус значително го засили тимот во летниот преоден рок,а следен приоритет е продолжување на соработката со првата ѕвезда Душан Влаховиќ.

Спортскиот директор на Јувентус, Кристијано Џунтоли, наскоро ќе се сретне со агентот на Влаховиќ за да започне преговори. Клубот сака да избегне повторување на ситуацијата со Киеза, кој влезе во последната година од договорот.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


 Актуелниот договор на фудбалерот со гигантот од Торино истекува во јуни 2026 година, а неговата плата наскоро ќе порасне на 12 милиони евра по сезона, вклучувајќи ги и бонусите.

Поради тоа преговорите нема да бидат лесно, бидејќи Јувентус мора да го намали трошоците и ќе му понуди подолг договор, но со помала плата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ѕвездата на Реал Мадрид вчера беше понижена, изгледаше како аматер – реагирал веднаш и Алонсо!

Секој може да има лош ден и не треба брзо да се носат заклучоци врз основа на еден настап,…