Спортскиот директор на Јувентус, Кристијано Џунтоли изјави дека може да размислуваат за заминување на Душан Влаховиќ, само ако пристигне некоја примамлива понуда.
За српскиот напаѓач заинтересирани се повеќе клубови, меѓу кои најсериозни се Пари Сен Жермен и Баерн.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Цврсто веруваме во Душан и фокусирани сме на него. Сметам дека имаме одличен напад. Но јасно е дека мораме да ги средиме сметките. Па ако стигне понуда која не се одбива, би можеле да ја разгледаме. Колкава понуда? Не би се занимавал со бројки, ако има ќе видиме“.
„Не можам во овој момент да зборувам за ниту еден играч конкретно, бидејќи сме на почеток на преодниот рок. Ги имаме Влаховиќ, Киеза, Милик и Кин, напаѓачи во кои цврсто веруваме. Убедени сме дека имаме одлична база во офанзивата“, изјави Џунтоли.