Поранешниот македонски селектор Мирсад Јонуз е нов тренер на прволигашот Скопје, кој доаѓа на местото на Славчо Георгиевски.
Јонуз се враќа да работи во клупскиот фудбал во нашата земја по цели 20 години откако во 2003 година беше тренер на Работнички.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Јонуз ќе има тешка задача да го спаси ФК Скопје од испаѓање. Во моментот тимот од Автокоманда е на последната позиција со 13 бода, колку што има и Победа.
Последен клуб во кариерата на Јонуз му беше катарски Лусаил.