Дома Останати Кошарка НБА Јокиќ со дабл-дабл во победата на Денвер, нов трипл-дабл на Дончиќ не беше доволен за Далас (ВИДЕО)

Јокиќ со дабл-дабл во победата на Денвер, нов трипл-дабл на Дончиќ не беше доволен за Далас (ВИДЕО)

Изминатата вечер во НБА лигата беа одиграни шест натпревари.

Денвер Наџентси оствари нова победа во НБА лигата совладувајќи го Бруклин Нетс после подобрата игра во последната четвртина со резултат 101:93.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Никола Јокиќ стигна до дабл-дабл учинок од 18 поени и десет скокови, а имаше и три асистенции. Во Денвер имаше дури седум играчи со двоцифрен број на поени, а покрај него најефикасни беа Милисап со 18 и Бартон со 17 поени. На другата страна Ирвинг, Динвиди и Џерет Ален постигнаа по 17 поени.

Новиот трипл-дабл на Дончиќ не беше доволен за Далас кој беше поразен од Њујорк Никси со 106:103. Дончиќ натпреварот го заврши со 33 поени, десет скокови и 11 асистенции.

Милвоки беше подобар од Чикаго со 124:115, Јанис Антетокумпо уфрли 38 поени и додаде 16 скокови, Ерик Бледсо за победничкиот тим постигна 31 поен.

Феникс убедливо ја совлада Атланта со 128:112, Мајами беше подобар од Кливленд 108:97, додека Њу Орлеанс запиша триумф против ЛА Клиперси со 132:127.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Агрегаторите да ги почитуваат авторските права на интернет порталите, преземањето на содржините како до сега е неприфатливо

Интернет порталите изразуваат спремност за разговор и договор со агрегаторите, но потпишаа…