Дома Останати Кошарка НБА Јокиќ не запира: Нов натпревар, нов трипл-дабл

Јокиќ не запира: Нов натпревар, нов трипл-дабл

Tимот на Денвер стигна до петтата позиција на Западната конференција откако стигна до четвртиот триумф во низа и вкупно шести сезонава.

Пред Јокиќ и друштвото падна Мајами кој Денвер пред својата публика го совлада со 135:122.
И во овој натпревар клучна фигура беше Никола Јокиќ. Првата четвртина Нагетси ја добија со 40:27, додека во останатите три со израмнета игра ја одржуваа предноста која и на крајот остана 13 поени.


Викенд за уживање: Дерби до дерби секаде! ↓↓↓


Јокиќ уште еднаш ја потврди одличната форма запишувајќи го петтиот трипл-дабл сезонава со постигна 30 поени, 13 асистенции и 11 скока. Освен српскиот кошаркар се истакнаа уште Џамал Мареј кој постигна 28 и Портер со 21 поен.

На спротивната страна Хиро запиша дабл-дабл со 24 поени и 11 асистении, додека Адебајо и Робинсон имаа идентичен учинок по 20 поени и девет скока.

НБА РЕЗУЛТАТИ:
Шарлот – Индијана 103-83
Детроит – Атланта 122-121
Орландо – Њу Орлеанс 115-88
Бостон – Бруклин 108-104
Кливленд – Голден Стејт 136-117
Далас – Финикс 113-114
Нјујорк – Милвоки 116-94
Мемфис – Ваšингтон 128-104
Оклахома – Хјустон 126-107
Денвер – Мајами 135-122
Минесота – Портланд 127-102
ЛА Лејкерс – Филаделфија – 116-106
Сакраменто – ЛА Клиперс – 98-107

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Гвардиола замената за Родри ја најде во Милано

Примарна цел на Манчестер Сити во зимскиот преоден рок ќе биде засилување на средниот ред.…