Откако заврши паузата по Ол-Стар викендот кошаркарите во НБА се вратија со редовните обврски во сезоната.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Бостон во еден од најинтересните натпревари ја совлада Индијана со 142:138. Предводник на Селтикси со 31 поен беше Џејтон Тејтум, четири од нив постигна во последната минута од продолжението, освен тоа додаде уште 12 скока, седум асистенции и две украдени топки.
Џејлејн Браун го заврши мечот со дабл-дабл од 30 поени и 11 скока. Бостон во овој момент е најдобар тим во лигата со 43 победи и 17 порази.
Никола Јокиќ по скромните четири поени на Ол-Стар натпреварот продолжи да блеска во дресот на Денвер и запиша нов трипл-дабл од 24 поени, 18 скока и 14 асистенции во победата против Кливленд од 114:109. За Јокиќ ова беше 22-трипл-дабл во сезоната. Треба да се истакне дека е дури 13-ти во последните 16 средби.
Одличен беше и Лука Дончиќ во триуфмот на Далас над Сан Антонио со 142:116. Дончиќ запиша 28 поени, 10 асистенции и седум скока. За издвојување е и настапот на Кајри Ирвинг со 23 поени и шест асистенции.
Лејкерс беа подобри од Голден Стејт со 124:111 и ова беше четврти пораз за шампионот во последните пет натпревари. Во овој натпревар осум играчи на Лејкерс стигнаа до двоцифрен број на поени, а Малик Басли беше најефикасниот со 25.
НБА РЕЗУЛТАТИ:
Кливленд – Денвер 109-115
Индијана – Бостон 138-142 (прод.)
Орландо – Детроит 108-106
Филаделфија – Мемфис 110-105
Торонто – Њу Орлеанс 115-110
Далас – Сан Антонио 142-116
Јута – Оклахома 120-119 (прод.)
ЛА Лејкерс – Голден Стејт 124-111
Сакраменто – Портланд 133-116