Никола Јокиќ одигра одличен натпревар против ЛА Клиперс и беше помеѓу најзаслужните за победата на Денвер од (110:101) со која овој тим изедначи на 1:1.
Покрај неговите поени и добрата игра по натпреварот внимание привлече и удар кој го доби во меѓуножјето. Кошаркарот на Клиперси Лу Вилијамс во еден напад при скокот со коленото го удри Јокиќ во негодното место. Српскиот кошаркар падна на паркетот и се превртуваше од болка, сепак набрзо стана и продолжи да игра како и претходно.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
This is what happened to Jokic pic.twitter.com/HQMthy5nng
— Kirk Goldsberry (@kirkgoldsberry) September 6, 2020