Лука Јовиќ минатото лето пристигна во Реал Мадрид како големо засилување, но не ги оправда очекувањата.
Српскиот напаѓач не успеа да наметне во првиот тим, па оваа сезона постигна само 2 гола, премалку за голгетер платен 65 милиони евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поради тоа се посилни се шпекулациите дека Јовиќ ова лето ќе ја промени средината. Желбата на напаѓачот е да остане во Реал и да се обиде да го убеди Зидан да му дава поголема минутажа, но се чини дека „кралевите“ веќе донеле одлука.
„Марка“ пипува дека Реал е спремен да се раздели со Јовиќ и веќе влегол во напредни преговори со Милан, клуб кој покажува најсилен интерес за Србинот.
Двата клуба се блиску до договор за едногодишна позајмица на Јовиќ, а „росонерите“ следното лето ќе имаат можност да го откупат за 40 милиони евра.