Српскиот голгетер, Лука Јовиќ беше стартер во финалето од шпанскиот Суперкуп против Атлетико Мадрид, но одигра лоша партија и беше заменет.
Јовиќ не го искористи отсуството на Бензема и сега е мета на критики, а бившиот играч на Реал, Алваро Бенито смета дека повеќе не треба да игра за „кралскиот“ клуб.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Играше на позиција „деветка“, но ниту еднаш не се заврти да види кој доаѓа позади него. Тоа доста говори за тоа каков играч е. Јасно е дека тој не е играч кој може да игра вакви важни натпревари за Реал. По мое мисење, Јовиќ повеќе не треба да одигра ни минута за Реал“, изјави Бенито.
Иако беше платен 60 милиони евра ова лето, Јовиќ оваа сезона постигна само еден гол во Примера, а зеде учество на 17 натпревари.