Дома Фудбал Останато Јаја Туре си поигрува со Кинезите како со деца во парк (ВИДЕО)

Јаја Туре си поигрува со Кинезите како со деца во парк (ВИДЕО)

Јаја Туре пред неколку дена со екипата на Кингдао Хуанхаи избори промоција во најсилниот ранг од кинеското првенство.

Туре долго време беше помеѓу најдобрите играчи за врска во светот, а овој 36 годишен фудбалер пред неколку месеци пристигна во Кина после кратката и неславна авантура во Олимпијакос.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Кингдао во 29-тото коло од кинеската лига славеше со 2:0 во Шангај против Шенксин и така се пласираше во повисок ранг.

На коло пред крајот Кингдао има 57 бодови, второпласираниот Зинченг има 54, а третопласираниот тим Шијанзуанг има 53. Првите два тима обезбедуваат место во повисок ранг.

Голем допринос за успехот на овој клуб даде и Туре кој оваа година пристигна во Кингдао. Поранешниот играч на Манчестер Сити Барселона после обезбедувањето на пласманот ја објави следнава порака.

„Испишавме историја. Промоција! Наредната сезона Кингдао ќе биде таму каде што припаѓа – во најсилната лига во Кина. Горд сум што можев да помогнам на клубот да направи ваков резултат, но сакам и титула!“, напиша Туре.

Со оглед на физичката конституција и техниката која има Туре изгледа навистина доминантно во споредба со своите противници.

Погледнете дел од најдобрите потези на Туре во Кина…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Челси го исфрли најплатениот играч од тимот, а сега се ослободува од него

Поранешната ѕвезда на Челси, Рахим Стерлинг, кој падна во втор план кај тренерот Енцо Маре…