Македонскиот повремен репрезентативец, Адис Јаховиќ, оваа сезона игра фантастично, а после двата погодоци во вчерашниот натпревар се појави вест дека за него интерес покажал рускиот гигант, ЦСКА Москва.
Утрово во руските медиуми се појави вест дека тимот на ЦСКА Москва испратил понуда до Јаховиќ кој во Русија би можел да се пресели наредното лето кога завршува неговиот договор со турски Гозетепе.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Како што пренесуваат руските медиуми, ЦСКА на Јаховиќ му понудил договор според кој тој би заработувал 1.3 милиони евра годишно.
30 годишниот македонски фудбалер оваа сезоната во турското првенство на девет натпревари постигна 11 погодоци и запиша две асистенции.