Дома Фудбал Репрезентации „Јаховиќ е под знак прашалник, Несторовски не е во натпреварувачки ритам“

„Јаховиќ е под знак прашалник, Несторовски не е во натпреварувачки ритам“

Селекторот на македонската репрезентација Благоја Милевски денес го објави списокот на фудбалери за баражот за Светското првенство.

На списокот е Адис Јаховиќ, но неговиот настап е неизвесен. Илија Несторовски не е во репрезентацијата, а Милевски објасни дека Несторовски не е во тимот поради премногу малата минутажа во Удинезе. Од друга страна вестите за Адеми се позитивни.

Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓


„Јаховиќ е под знак прашалник има проблеми со тетивата, ќе знаеме денес. Ако не биде во можност ќе повикаме друг фудбалер. Несторовски не е во натпреваручки ритам. Несторовски за жал одигра само 13 минути во оваа година. Не значи дека нема да биде во плановите за понатаму. Адеми се чувствува добро и мислам дека ќе тренира нормално“, изјави Милевски.

Елиф Елмас и Тихомир Костадинов се на списокот, но тие ќе го пропуштат првиот натпревар поради жолти картони и ќе бидат на располагање во евентуалното финале.

Фото. ФФМ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Чекањето за трофеј заврши, Тотенхем ја освои Лига Европа

Фудбалерите на Тотенхем ја освоија УЕФА Лига Европа, откако во големото финале во Билбао г…