Teкефуша Кубо ова лето стана нов играч на Реал Мадрид.
Тинејџерската сензација која го носи прекарот „Јапонскиот Меси“ своевремено беше дел од младите категории на Барселона, но подоцна ги напушти Каталонците.
Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓
Кубо се врати во Јапонија и играше за Токио, а ова лето пристигна во Мадрид и одигра добри припреми со Реал во САД.
Сепак, конкуренцијата кај „кралевите“ е голема па мораше да се пронајде решение за младиот Јапонец, а според последните информации тој ќе биде позајмен на Мајорка.
„Ел Мундо Депортиво“ пренесува дека Кубо се согласил да премине во клубот кој оваа сезона се пласираше во Ла Лига.
Ќе потсетиме ов Мајорка од ова лето настапува и македонскиот фудбалер Александар Трајковски.