Медиумите во Холандија пренесуваат дека ѕвездата на Ајакс, Хаким Зијех во јануари ќе се пресели на Островот.
26-годишниот Мароканец игра фантастично во дресот на Ајакс и го привлече вниманието на многу европски гиганти, а следна дестинација најверојатно ќе биде Премиер лигата.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Имено, холандските медиуми тврдат дека Манчестер Јунајтед испратил понуда од 50 милиони евра, која Ајакс е спремен да ја прифати, па трансферот би требало да се реализира во првите денови од новата година.
Солскјер е во потрага по креативен играч за врска, а Зијех оваа сезона покрај 8-те гола запиша неверојатни 21 асистенција.
Нема сомнеж дека Мароканецот ќе биде големо засилување за „црвените ѓаволи“ во борбата за пласман во Топ 4 во Премиерлигата.