МВП-то од НБА ја предводеше Грција до важна победа, САД ги декласираше „Самураите“.
Селекциите на Грција и Нов Зеланд играа за пласман во следната фаза на Светското првенство. Грција покажа многу подобра игра отколку против Бразил и предводена од Јанис го победи Нов Зеланд со 99:89.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Од стартот Грците имаа предност, но Нов Зеланд не се предаваше.
Грција имаше предност, но се до средината на последната четвртина не успеваше посериозно да се одлепи, но тогаш во тој период Јанис Антетокумпо ги превзема работите во свои раце и со неколку врзани поени ја одведе Грција на двоцифрена предност и практично го реши прашањето на победникот.
На половина минута до крајот и предност од осум поени за Грција дојде до мешаница, а технички грешки добија Шеј и Костас Слукас и тренерот на Нов Зеланд.
Нов Зеланд не се предаваше ги испраќаа Грците на линијата за слободни фрлања и погодуваа тројки, меѓутоа веќе беше предоцна, покрај тоа Ларенкакис не промашуваше од линијата за слобдни.
Јанис доминираше со 24 поени, 10 скокови и шест асистенции, имаше и две украдени топки.
Селекцијата на САД ја разби Јапонија и без проблем тимот на Грег Попович однесе победа од 98:45.
Уште во првата четвртина се најави како ќе се одвива овој дуел. САД тој период го доби со 23:9. Во вториот беа уште подобри и на полувреме заминаа со 56:23.
Не успоруваа и во третата четвртина, па после 30 минути имаа 84:31.
Во последниот период Американците рутински го приведоа натпреварот кон крајот, а Јапонците не можеа ништо да направат.