Дома Останати Кошарка НБА Јанис се радуваше во дербито против Леброн и Дејвис, Хјустон подобар од Клиперси (ВИДЕО)

Јанис се радуваше во дербито против Леброн и Дејвис, Хјустон подобар од Клиперси (ВИДЕО)

Вчера беа одиграни четири натпревари во НБА лигата, а дербито го играа Милвоки Бакс и Лос Анџелес Лејкерси.

Освен овој натпревар играа Атланта Хокс против Јута, Сан Антонио Спарс против Бруклин и Ла Клиперси против Хјустон.


1/8 финале: Италија и Германија фаворити, но ... ↓↓↓


Јута оствари победа на гостувањето кај Атланта. Првото полувреме подобри беа домаќините кои имаа предност од 56:52.

Во вториот дел гостит заиграа многу подобро и на крајот успеаа да го свртат резултатот и да остварат победа од 111:106.

Сан Антонио на свој терен оствари сигурна победа против Бруклин. Иако гостите имаа водство после првото полувреме, домаќините на крајот запишаа победа од 118:105.

Хјустон на гости кај Клиперси запиша победа. Домаќините важеа за благ фаворит меѓутоа гостите ја однесоа победата со 122:117. Најефикасен беше Вестбрук кој уфрли 40 поени и додаде уште 10 скока и пет асистенции, Харден застана на 28 поени , еден скок и десет асистенции. Кај Клиперси Пол Џорџ беше најдобар со 34 поени, девет скока и три асистенции.

Во дербито на вечерта Милвоки на свој терен го победи ЛА Лејкерси. Ниту одличната вечер на Дејвис и Џејмс кои заедно уфрлија 57 поени не им помогна на гостите. Милвоки оствари победа од 111:104, а ги предводеше Антетокумпо кој постигна 36 поени и имаше 10 скока и пет асистенции. Дејвис натпреварот го заврши со 36 поени, 10 скока и пет асистенции, додека оствари трипл-дабл со 21 поен, 12 скока и 11 асистенции. 21 поен кај Лејкерси постигна и Грин.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Скандал: Голманот на Србија се тепал со навивач во Минхен

Српските медиуми откриваат дека непосредно пред мечот на Србија со Данска, во локал во Мин…