Избраниците на Чедомир Јаневски во вечерашниот меч против Реал Сосиједад ќе одиграат во истиот состав, сметајќи на фактот дека Јаневски најави дека ротации ќе нема.
Имено, Јаневски ќе игра во формација 4-2-3-1 во чиј состав ќе се најдат: Гачевски, Хамбарџумјан, Грнчаров, Новак, Глишиќ, Марковиќ, Николов, Фелипе, Џигуари, Барсегјан и Итало.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
На спротивната страна пак, според Мундо Депортиво, Еусебио ќе стартува со следниот состав:
Руљи, Одриозола, Елустондо, Навас, Де Ла Бела, Зубелдиа, Илараменди, Прието, Јанузај, Хуанми и Ојаразабал.
Според ваквиот состав, видливо е дека Еусебио на овој реванш меч ќе го поштеди Вилијан Жозе кој на првиот меч во Скопје постигна четири погодоци.
Натпреварот против Реал Сосиједад и Вардар, е закажан за 21:05 часот.