Дома Фудбал Јамал: Не ме споредувајте со Меси, тој е најдобар во историјата

Јамал: Не ме споредувајте со Меси, тој е најдобар во историјата

Ламин Јамал е вистинска сензација на ЕП. На 16 години е стартер за Шпанија и ги собори сите рекорди.

Веднаш почнаа споредбите со Лионел Меси, особено поради фактот што и Јамал потекнува од академијата на Барселона.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Притоа, се појави слика од Јамал кога бил бебе во рацете на Меси.

„Споредба со Меси? Никој не се противи на тоа, но ве молам не ме споредувајте со Меси. Јас никогаш нема да бидам како него. Тој е најголем играч во историјата“.

„За таа фотографија со него јас не знаев се додека не ја видов. Мојот татко ја сочувал таа фотографија од пред 16 години. Јас не сакав прв да ја објавам за да не се сфати погрешно дека сега се споредувам со Меси“, истакна Јамал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Баерн доби големо засилување: Упамекано потполно се опорави

Фудбалерот на Баерн Дајо Упамекано се опорави од повредата на коленото на левата нога и го…