Ѕвездите на Пари Сент Жермен категирично го откажале предлогот на раководството да ги намалат своите плати за време на пандемијата, тврди еминентниот „Екип“.
Од страна на клубот преговорите ги води спортскиот директор Леонардо, додека претставници на фудбалерите е капитенот Тиаго Силва и Маркињос.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Уште минатата недела претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи ги повика фудбалерите да му помогнат на клубот со намалување на своите плати во овие месеци. Во Франција денес и официјално беше потврдено дека нема да има никаков спорт до септември, што значи дека сезоната нема да продолжи.
Од ПСЖ пресметаа дека клубот ќе загуби 240 милиони евра, но ѕвездите на тимот не сакаат да слушнат за намалување на платите. Само Нејмар и Мбапе заработуваат 5 милиони евра месечно.