Младата ѕвезда на Челзи, Тами Абрахам одби да стави потпис на нов договор со „сините“, пренесуваат медиумите на Островот.
23-годишниот талент оваа сезона игра се поретко, особено после доаѓање на новиот менаџер, Томас Тухел.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Притоа, Челзи е во потрага по нов напаѓач за следната сезона, па верува дека додатно ќе се намали неговата минутажа.
Актуелниот договор на Абрахам истекува во 2023 година и во моментов тој не сака да преговара за продолжување на соработката, пред да биде сигурен каква улога ќе има во тимот.
Голема е веројатноста напаѓачот на лето да ја промени средината во потрага по поголема минутажа, но Челзи не сака да се откаже од него и можно е да го испрати на позајмица.