Крилниот фудбалер на Манчестер Сити, Ријад Марез призна дека би сакал да игра за Пари Сент Жермен.
Алжирскиот репрезентативец пораснал во регионот на Париз и сонува еден ден да заигра во дресот на ПСЖ.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Париз е мојот град, но во моментов имам договор со Манчестер Сити. Меѓутоа, јас не ја затворам вратата, ако ПСЖ ме сака“, тогаш сериозно ќе размислам за тоа“, изјави Марез.
ПСЖ на таа позиција го има Анхел ди Марија, кој најверојатно ја игра последната сезона во Париз, па Марез би можел да биде замена за Аргентинецот.